0_Македонија.ПорталПолитика

Пратениците Кузмановска и Јовановиќ на студиско патување за одржлива урбана мобилност во Љубљана

Од 12 до 15 мај делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ.

Скопје, 10 мај 2019 (МИА) – Од 12 до 15 мај делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ.

Студиското патување за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана е организирано за парламентарци од Југоисточна Европа – регион Западен Балкан, а организиранo од страна на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ- Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

На отворањето се очекува воведно обраќање да имаат организаторите на студиското патување, Ањаж Плевнич и Владимир Бабич, како и градоначалникот на градот Љубљана, Зоран Јанкович. Исто така, се очекува учество да земат и Матик Сопотник, од Одделот за транспорт и Леа Рикато-Ружич, претставник од невладиниот сектор.

На вториот ден од студиската посета се очекува да се одржи состанок со Едвард Паулич, член на Националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност, на тема: „Национална поддршка за планирање на одржлива мобилност“. Исто така, се очекува да учествуваат и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставник на компанија за јавен превоз во Љубљана.

Студиското патување е од големо значење, бидејќи се очекува да се разменат искуства и практични примери во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана, се посочува во соопштението од собраниската прес-служба. ев/сст/

Таг
Back to top button
Close