0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Повреден работник во фабрика во Пробиштип

Работник бил повреден при работа во фабрика во Пробиштип. 

Скопје, 25 мај 2019 (МИА) – Работник бил повреден ноќеска при работа во фабрика во Пробиштип.

Како што соопшти МВР, изутринава во 00:40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип бил донесен Д.Ј.(23) од Пробиштип.

Според пријавеното, работникот се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип по што бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/вг/

Фото: МИА архива

Back to top button
Close