БалканБалкан.Портал

Поројни дождови во 12 окрузи во Романија

Романската Национална метеоролошка служба издаде жолт метео аларм и предупредување за обилни врнежи од дожд во 12 окрузи, како и предупредување на зголемување на водостојот во остатокот од државата.

Букурешт, 16 мај 2019 (МИА) – Романската Национална метеоролошка служба издаде жолт метео аларм и предупредување за обилни врнежи од дожд во 12 окрузи, како и предупредување на зголемување на водостојот во остатокот од државата.

Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи, бури, силен ветер и град. Во најголем дел од државата се очекува нестабилно време, кое ќе донесе поројни дождови. Стабилизирање на времето најавуваат од недела. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close