СветСвет.Портал

Помпео: Нашите посебни односи со Британија ќе напредуваат

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека „посебниот однос“ кој САД го имаат со Британија ќе напредува без оглед на тоа што ќе се случува со Брегзит, и покрај разликите што ги имаат двете држави околу Иран и учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во развојот на британската комуникациска 5Г мрежа.

Лондон, 8 мај 2019 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека „посебниот однос“ кој САД го имаат со Британија ќе напредува без оглед на тоа што ќе се случува со Брегзит, и покрај разликите што ги имаат двете држави околу Иран и учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во развојот на британската комуникациска 5Г мрежа.

– Во сите мои разговори и со Џереми (британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант) и со премиерката Меј беше очигледно дека „посебните односи“ што ги имаме не се само трајни, туку дека напредуваат, рече Помпео на заедничка прес конференција со британскиот министер Хант.

Американскиот државен секретар денеска дојде во Лондон на разговори со премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Џереми Хант, еден месец пред официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп. јт/

Таг
Back to top button
Close