Фудбал

Покетино пушти солзи по пласманот во финалето на ЛШ

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, не можеше да ги потисне емоциите откако го совлада Ајакс во реваншот од финалето на Лигата на шампионите (3: 2).

Амстердам, 9 мај 2019 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, не можеше да ги потисне емоциите откако го совлада Ајакс во реваншот од финалето на Лигата на шампионите (3: 2).

Аргентинскиот специјалист не ги задржа солзите по големиот успех остварен по неверојатен пресврт со три гола во второто полувреме.

Тотенхем на првиот натпревар загуби во Лондон со 0:1, синоќа на полувреме губеше со 0:2, но успеа се да надомести за само едно полувреме.

– Им реков на играчите да не се откажуваат. Како пример им го предочив дуелот од вторникот меѓу Ливерпул и Барселона, кога домаќините исто така за едно полувреме постигнаа три гола, изјави Покетино. зс/

Таг
Back to top button
Close