0_Македонија.ПорталКултураКултура.ПорталОпштество

Поетесата Стојановска на научно-книжевни средби во Корчула

Поетесата Мирјана Стојановска од Битола учествува на Меѓународните научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ“, што од 24 до 26 мај се одржуваат на Корчула, Хрватска.

Скопје, 25 мај 2019 (МИА) – Поетесата Мирјана Стојановска од Битола учествува на Меѓународните научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ“, што од 24 до 26 мај се одржуваат на Корчула, Хрватска.

Стојановска на научно-книжевните средби учествува со симпозиумска тема „Барокните украси како допирни точки меѓу македонскиот поет Григор Прличев и хрватскиот автор Петар Канавелиќ“. Таа се претстави со избор од својата поезија и со презентација на поемата „Бегалци од својот дом“.

На оваа научно-книжевна манифестација на Корчула што се одржува петти пат, учествуваат поети и книжевници од Хрватска, Црна Гора, Србија и од нашата држава. мд/вг/

 

Таг
Back to top button
Close