0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

По 11 години повторно англиско финале во ЛШ

Во фудбалската Лига на шампиони, по 11 години повторно ќе играат две екипи од Англија. Тотенхем и Ливерпул по неверојатните пресврти во вторникот и вчеравечер ќе се борат за европскиот трон.

Амстердам, 9 мај 2019 (МИА) – Во фудбалската Лига на шампиони, по 11 години повторно ќе играат две екипи од Англија. Тотенхем и Ливерпул по неверојатните пресврти во вторникот и вчеравечер ќе се борат за европскиот трон.

Во 2008 година, во финалето кое се одржа во Москва, се сретнаа Манчестер јунајтед и Челзи. Трофејот го освои Јунајтед по подобро изведување на пенали.

Финалето на тековната сезона од Лигата на шампионите ќе се игра на 1 јуни во Мадрид, на стадионот на Атлетико, „Ванда Метрополитано“. зс/

Таг
Back to top button
Close