БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Пајат: Куфодинас е убиец, а не Робин Худ

Лидерот на терористичката организација „17 Ноември”, Димитрис Куфодинас е убиец, а не Робин Худ, изјави амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на посетата на канцелариите на весникот „Пелопонез” во грчкиот град Патра, објави весникот на нивниот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 мај 2019 (МИА) – Лидерот на терористичката организација „17 Ноември”, Димитрис Куфодинас е убиец, а не Робин Худ, изјави амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на посетата на канцелариите на весникот „Пелопонез” во грчкиот град Патра, објави весникот на нивниот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Резиденцијата на Пајат вчера беше на цел на напад на членовите на анархистичката група „Рубикон”, кои во знак на протест и за поддршка на Димитрис Куфодинас, фрлија бои на надворешните ѕидови на објектот.

Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, од 2 мај штрајкува со глад, поради тоа што не му е одобрена неколкудневна дозвола за излез од затвор. ср/сп/

Таг
Back to top button
Close