Дописници МКДОпштински вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Велес одржа состанок за преземање мерки при најавеното невреме од дожд  

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес на денеска одржаниот состанок договори активности и донесе заклучоци кои би се спроведувале при најавеното невреме во наредните денови.

Велес, 12 мај 2019 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес на денеска одржаниот состанок договори активности и донесе заклучоци кои би се спроведувале при најавеното невреме во наредните денови.

Како што информираат од Општина Велес, ќе се изврши целосна проверка на сите одводни канали и шахти во однос на проодноста, во случај на потреба од чистење на каналите и шахтите, соодветни активности ќе преземе  ЈКП „Дервен“ и по потреба Општина Велес дополнително ќе ги ангажира фирмите со кои има склучено договор, претседателите на сите урбани заедници ги известуваат сите сограѓанки и сограѓани за потребите од обезбедување услови за заштита од невреме, а екипа од ТТПЕ ќе изврши повеќе проверки на повеќе критични точки.

Ќе се проверува долж речното корито на реката Вардар на повеќе критични точки на излевање, потегот кај месноста Потокот, и ќе се следи состојбата по тој одводен канал, ќе се проверува потегот на Долни дуќани на делот кај карпата, а ако има потреба да се изврши и обележување на патот со забрана за движење на возила и пешаци на овој дел.

Исто така, Комисијата формирана од Општина Велес и претставници на ЈКП „Дервен“ ќе извршат проверка на сите дрвја кои преставуваат опасност од паѓање и нанасување штета, а се наоѓаат покрај реката Вардар, во централното градско подрачје и на Градскиот стадион.

Оштина Велес упатува повик до  граѓаните  да не престојуваат на отворен простор и  под осамени дрвја како и да преземат соодветни активности за заштита на сопствениот движен и недвижен имот, со цел превенција од можни последици.

Број на кој граѓаните можат да се јават во случај на пријава за штета или друга несреќа: 193 или 078-254 729  во ТППЕ. Број за пријава до ЦУК – Центарот за управување со кризи195. ад/сст/

Back to top button
Close