Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода додели 76 ваучери за новороденчиња

Секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 76 ваучери во висина од 6.000 денари за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца, информираат од Општината.

Скопје, 22 мај 2019 (МИА) – Секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 76 ваучери во висина од 6.000 денари за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца, информираат од Општината.

Оттаму велат дека Општината ваучерите ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзина територија.

За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, се наведува во соопштението од Општината. мс/са/

Back to top button
Close