Дописници МКДОпштински вести

„Општина без смет за поубав свет“ во Крива Паланка

Во акцијата насловена „Општина без смет за поубав свет“ која локалната самоуправа на општина Крива Паланка ја реализира од март годинава, досега се собрани над двесте кубни смет во вкупно пет реонски акции на различни локации во градот и околината.

Крива Паланка, 13 мај 2019 (МИА) – Во акцијата насловена „Општина без смет за поубав свет“ која локалната самоуправа на општина Крива Паланка ја реализира од март годинава, досега се собрани над двесте кубни смет во вкупно пет реонски акции на различни локации во градот и околината.

Во акцијата досега активно се вклучиле околу шестотини граѓани, активнисти и волонтери.

-Во текот на вчерашниот ден беше спроведена петатта реонска акција во населбите Скрљава  и Цонев рид. Во акцијата зедоа учество над седумдесет граѓани од различни возрасти. Се собираше отпад покрај улиците во двете населби, во регулационото корито на „Скрљавски дол“, игралиштата, просторот на „Болничка ливада“, просторите каде жителите одлагаат комунален отпад.  Мотото на акцијата е „Чиста населба – чиста општина“, инфрмираат од секторот за комуникација со јавнот при општина Крива Паланка.

Посочуваат дека вработени од локалната самоуправа и Јавно претпријатие  „Комуналец“ и овојпат масовно се вклучиле во акцијата.

-ЈП „Комуналец“ со механизација го расчисти со години акумулираниот материјал  во долниот дел од регулационото корито на „Скљавски дол“. Во акцијата  активно учествуваа  голем број жители од двете населби од кои дел се вклучија во чистењето на јавните површини, а дел ги расчистија нивните домови. Во вчерашната акција собрани се 15 метри кубни отпад. Останува на граѓаните понатаму  да ги чуваат исчистените површини и простори чисти и да го фрлаат отпадот само во садовите за отпад, додаваат од локланата самоуправа на општината.ид/са/

Back to top button
Close