ОстанатоРезултати

Одржана првата картинг трка од македонскиот шампионат

Во организација на Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим, со поддршка од Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот изминатито викенд во Скопје се одржа првата трка од македонскиот шампионат во картинг.

Скопје, 14 мај 2019 (МИА) – Во организација на Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим, со поддршка од Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот изминатито викенд во Скопје се одржа првата трка од македонскиот шампионат во картинг.

Учесниците беа поделени во три класи. Кај мини бамбини (7-9 години) најуспешни беа Стефан Стефановски – прво место, Христо Ковачи – второ место и Дамјан Давидовски – трето место.

Во класата од 9 до 12 години победи Петар Богатиновски, пред Лука Бошковски и Иван Василевски.

Победник во третата класа (постари од 13 години) беше Михаил Делев, на второ место заврши Масимо Тасевски, додека трет беше Коста Николовски.

Најмлад учесник на трките со само седум години беше Христо Ковачи. зс/

Таг
Back to top button
Close