Верски календар

Од верските календари

22 мај 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 мај. Денеска е Св. пророк Исаиј.

22 мај 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 мај.

Денеска е Св. пророк Исаиј.

Свети пророк Исаија живеел и пророкувал 700-ни години пред Христа. Но, и покрај тоа, поради неговите јасни пророштва за Христовите страдања кои тој ги гледаше како да му се случуваат пред очи црквата го нарече петтиот евангелист. Потекнувал од царски род. Се родил во Ерусалим, а татко му се викал Амос. Имајќи голема благодат во себе, тој се удостои да го види Господа опкружен со шестокрили серафими, кои непрестано пеат: свет, свет, свет е Господ Саваот. Пророкувал многу нешта на поединци и на цели народи, но најважни му се пророштвата за воплотувањето на Бога, за зачнуваwето на пресветата Дева, за Јован Претеча и, како што рековме, за самиот Христос. Убиен е од своите сонародници, Евреите, надвор од ѕидините на Ерусалим.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Рита.

Била родена во 1381 година, во Ракапорена, во близина на Перуxа. Во ку}ата во која живеела, имала соба за молитви. Се омажила и имала две деца. Доколку сакала да оди во црква, морала да побара дозвола од својот сопруг. Тој бил убиен, а две години по неговата смрт умреле и нејзините две деца. Света Рита одлучила да оди во манастирот на сестрите на света Магдалена. Размислувала за Исусовите маки. Умрела во 1447 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 1 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето на ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

Back to top button
Close