0_Македонија.ПорталДописници МКД

Нова премиера на детска претстава во Центарот за култура Крива Паланка

Драмското студио кое работи во Националната установа Центар за култура Крива Паланка под менторство на режисерот Глигор Цветковски ја најави премиерата на најновата театарска претстава за деца, прва за оваа календарска година.

Крива Паланка, 15 мај 2019 (МИА) – Драмското студио кое работи во Националната установа Центар за култура Крива Паланка под менторство на режисерот Глигор Цветковски ја најави премиерата на најновата театарска претстава за деца, прва за оваа календарска година.
Претставата е насловена “Украдениот дневник” и претпремиерно ќе биде изведена во вторник, на сцената на Центарот за култура, во 12 часот.
Театарската претстава е наменета на најмладите,  играна од најмладите  талентирани надежи на драмското студио. Едукација и смеа, забава и музика, е она што ја карактеризира претставата, а главната приказна е за една малечка хероина и за нејзините другарчиња. Пиеса во која се испреплетуваат лагата, тагата, лошото и доброто, а на крајот секогаш преовладува и победува доброто. Комична приказна во  која секој може да се пронајде себеси и детето во себе што го носиме сите. Приказна за доблеста, чесноста и разликувањето на доброто и злото. Приказна која  укажува на грешките од кои треба да се учи а не да се повторуваат. Преку перипетиите низ кои минува нашата мала хероина и нејзините соученици се отсликува секојдневието на децата во и надвор од училиштето во оваа весела и забавна но и поучна, вели Цветкоски.
„Украдениот дневник” е претстава во три чина. Автор и режисер на истата е Глигор Цветковски, координатор на драмското студио при НУЦК Крива Паланка. ид/вг/

Back to top button
Close