Дописници МКДОпштински вести

Нов скејт-парк во Делчево

Согласно годишната програма за работа на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ во Делчево се подготвува нов скејт-парк, што ќе се наоѓа зад црквата „Св.Кирил и Методиј“. Согласно со проектот, како што информираа од претпријатието паркот ќе опфаќа површина од 2000м2.

Делчево, 7 мај 2019 (МИА) – Согласно годишната програма за работа на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ во Делчево се подготвува нов скејт-парк, што ќе се наоѓа зад црквата „Св.Кирил и Методиј“. Согласно со проектот, како што информираа од претпријатието паркот ќе опфаќа површина од 2000м2.

-Планирано е комплетно хортикултурно уредување на просторот, при што ќе се засее нова тревна површина, цветни аранжмани, засадување декоративни дрва, поставување урбана опрема и изведба на патеки од бекатон. Исто така, на планираниот простор е предвидена изградба на инфраструктура за скејт-борд, со што Делчево одговора на барањата на младите, информираа од ЈПКД „Брегалница.
Иницијативата за изградба на паркот е на градоначалникот Горан Трајковски, а работите за уредување на просторот, како што дополнија од претпријатието ќе започнат околу средината на месец мај.
Со ова хортикултурно доуредување на просторот заедно со изградбата на фасадата на новата црква, овој дел од централното градско подрачје во Делчево ќе добие комплетен изглед и атрактивна целина за граѓаните и гостите кои го посетуваат. вс/дма/

Back to top button
Close