Фудбал

Нојер: Баерн решен да освои двојна круна

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер искажа уверување дека неговиот тим ќе стигне до трофејот во германски куп.

Берлин, 25 мај 2019 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер искажа уверување дека неговиот тим ќе стигне до трофејот во германски куп.

Баерн вечер од 20 часот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го игра финалето на купот.

  • Финалето е секогаш посебен натпревар. Сакаме да освоиме двојна круна. Ова е наше време. Штета е што нема да можеме да сметаме на помошта на Леон Горецски, кој остана во Минхен поради проблеми со мускулите, изјави Нојер.

Баерн минатата недела ја освои шампионската титула во Бундеслигата. зс/

Таг
Back to top button
Close