0_Web_АктуелноBiznis.SlajderMakedonija.SlajderБизнисБизнис.Портал

Николовски за АНА-МПА: Делегација од Северна Македонија следниот месец ќе ја посети Грција

Постои голем простор за соработка со Грција во економскиот и земјоделскиот сектор, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo на Северна Македонија, Љупчо Николовски во интервјуто за грчката државна агенција АНА-МПА и открива дека се подготвува посета на Грција на голема делегација од земјава.

Атина, 13 мај 2019 (МИА) – Постои голем простор за соработка со Грција во економскиот и земјоделскиот сектор, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo на Северна Македонија, Љупчо Николовски во интервјуто за грчката државна агенција АНА-МПА и открива дека се подготвува посета на Грција на голема делегација од земјава.

Министерот, во однос на можностите за продлабочување на билатералната соработка, објаснува дека за време на посетата на грчката делегација на Скопје предводена од Алексис Ципрас, веќе започнал разговори за конкретни проекти со неговиот грчки колега, Ставрос Араховитис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Имавме низа разговори во пријателска клима, а тимовите на двете министерства работат на меморандум за разбирање за дополнително зајакнување на соработката. Подготвуваме голема делегација од Северна Македонија и следниот месец ќе ја посетиме Грција. Таму ќе имаме Б2Б средби за да ја зајакнеме нашата соработка во пошироката економска и земјоделска област, вели Николовски и додава дека „како народи и држави сме многу блиску“.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo, открива дека се работи и на привлекување грчки инвестиции кај нас, но и на подготовка на други настани и активности за зајакнување на економската соработка.

-Ние ги повикуваме грчките бизниси кои се активни во земјоделскиот сектор да дојдат и да инвестираат во нашата земја. Работиме и во оваа насока. Разговаравме и се согласивме дека во следниот период, во следните месеци нашата соработка ќе се зајакне. Среќни сме за Договорот од Преспа. Граѓаните на Северна Македонија го поддржуваат договорот и сме во период кога постојат добри економски перспективи за двете земји. Исто така, се наоѓаме во период кога подготвуваме различни активности и настани, со нашата комора, со цел да дојде тука делегација од Грција за средби, што ќе придонесе во зајакнувањето на соработката во економијата, вели министерот.

Николовски во интервјуто за АНА-МПА посочува дека неговата генерација политичари во Северна Македонија одлучи да ги реши отворените спорови со соседите. За договорот со Бугарија и објаснува дека по склучувањето, статистичките податоци покажуваат дека постои зајакнување на соработката, а го споменува и Договорот од Преспа.

-Со вториот договор, со договорот со Грција, Договорот од Преспа, народот од Северна Македонија е среќен што постоеја политичари кои сакаа да ги затворат сите отворени прашања и да го отворат хоризонтот во животот на нашите граѓани и на следните генерации. Задоволни сме што двајцата лидери, господинот Ципрас и господинот Заев, успеаја да го премостат овој историски јаз. По три децении, ние сме генерацијата, во Северна Македонија и Грција, особено нашите лидери, кои во последниве години направија добра работа за просперитетот на граѓаните на двете земји и за идните генерации. Од мојата позиција можам да кажам дека ја чувствувам оваа добра клима во билатералните односи, вели Николовски и додава дека ова, особено се чувствува по Договорот од Преспа. ср/дма/

Back to top button
Close