0_Македонија.ПорталПолитика

Независната пратеничка група на средба со амбасадорите Герберих, Галовеј и Пломп

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија господин Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија госпоѓа Галовеј и амбасадорот на Кралствто Холандија господин Пломп, се наведува во соопштението на независната пратеничка група.

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) – Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија господин Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија госпоѓа Галовеј и амбасадорот на Кралствто Холандија господин Пломп, се наведува во соопштението на независната пратеничка група.

На средбата, според нив, била искажана силната амбасадорска поддршка за заложбите оваа група пратеници да биде дел од натамошните реформски процеси во земјата, преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување.

На средбата била разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка.

-Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението на независната пратеничка група. са/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close