СветСвет.Портал

Напад врз автобус со туристи кај пирамидите во Гиза

Повеќемина туристи се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристичка автобус во близина на новиот Голем египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза.

Каиро, 19 мај 2019 (МИА) – Повеќемина туристи се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристичка автобус во близина на новиот Голем египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза.

Египетските безбедносни сили го потврдија нападот, без да соопштат информација за бројот на жртвите.

– Експлозивна направа беше активирана покрај ѕидот на музејот, изјави за ДПА претставник на безбедносните сили, кој побарал анонимност.

Нападите врз египетските безбедносни сили и припадниците ја коптското христијанско малцинство зачестија во Египет, по соборувањето од власти на претседателот -исламист Мохамед Морси од страна на Армијата во 2013 година. сп/

Таг
Back to top button
Close