0_Македонија.ПорталПолитика

Началникот на ГШ на Армијата, Ѓурчиновски во посета на здружената команда на НАТО во Брунсум

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по неговото учество на заседанието на воениот комитет на НАТО во Брисел, денеска се наоѓа во официјална посета на здружената команда на НАТО во Брунсум.

Скопје, 23 мај 2019 (МИА) – Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по неговото учество на заседанието на воениот комитет на НАТО во Брисел, денеска се наоѓа во официјална посета на здружената команда на НАТО во Брунсум.

За време на престојот во Брунсум, генералот Ѓурчиновски остварил средба со командантот на оваа здружена команда, генерал Рикардо Маркио, по што, како што соопштија од ГШ на Армијата, имал работен состанок со клучниот персонал на здружената команда.

На состаноците се разговарало за тековните и претстојни активности кои е потребно да се реализираат во процесот на потполно интегрирање на нашата армија во НАТО структурите, како и за планираните заеднички воени активности со НАТО. Се дискутирало и за потенцијалниот придонес на единици од нашата армија во силите за брз одговор на НАТО, откако нашето членство ќе биде ратификувано.

Во текот на утрешниот ден генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба и со претставникот на Обединетото Кралство во НАТО, генерал потполковник, Сер Џорџ Нортон на која ќе се разговара за билатералната воена соработка и согледување на можностите за заеднички активности. цр/скс/

Back to top button
Close