Дописници МКДОпштински вести

На територијата на Кичево утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција

Согласно акциониот план на општина Кичево за извршување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општината, по законот за заштита на населението од заразни болести, се известуваат граѓаните на општина Кичево дека утре во времетраење од 08.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција при што ќе бидат третирани застоени води на територијата на општина Кичево, со цел за уништување на ларви од комарци.

Кичево, 22 мај 2019 (МИА) – Согласно акциониот план на општина Кичево за извршување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општината, по законот за заштита на населението од заразни болести, се известуваат граѓаните на општина Кичево дека утре во времетраење од 08.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција при што ќе бидат третирани застоени води на територијата на општина Кичево, со цел за уништување на ларви од комарци.

Истиот ден ќе се врши и дератизација на канализациони шахти со поставување на родентицид, како редовна мерка за контрола на глодари во канализационата мрежа. Се молат пчеларите да ги преземат сите потребни мерки за заштита на своите пчелни семејства.

Доколку временските услови не дозволуваат вршење на предвидените третмани, истите ќе се вршат наредниот ден информираат од секторот за односи со јавноста во општина Кичево. рз/аа/

 

Таг
Back to top button
Close