ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 20.05.2019 година околу 16.30 часот на локалниот пат Куманово - с.Табановце, патничко возило „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово.

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) – На 20.05.2019 година околу 16.30 часот на локалниот пат Куманово – с.Табановце, патничко возило „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово.

Велосипедистот, соопшти денеска МВР, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

На 20.05.2019 година, по преземени мерки на полициски службеници од СВР Штип била пронајдена 14 годишна малолетничка, пријавена за исчезната од страна на нејзината мајка Е.Ј.(31) од Штип на 18.05.2019 година.

На 20.05.2019 година околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13 годишно момче од Скопје. Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.05.2019 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Е.М.(29) од Прилеп пријавил дека на 18.05.2019 година околу 21.00 часот, неговиот шестгодишен син додека се играл на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, се изгубил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

На 21.05.2019 година во 01.10 часот во Полициската станица Центар, П.С.(21) од Радишани, скопско, пријавил дека на 20.05.2019 година околу 11.00 часот на ул.„Тодор Александров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 14 годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“. На 11.05.2019 година во 21.30 часот пријавениот извршил други полови дејствија над 13 годишно момче од Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од село Озормиште поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 11.02.2019 година до 05.03.2019 година во Тетово пријавениот одзел два акумулатори од работна машина –багер, додека од три цркви на подрачје на Тетово одзел пари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.К.(41) од село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.12.2017 година околу 14.40 часот во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин. Додека, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, десет мобилни телефони и пари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ.(39) од село Нераште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.04.2018 година во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава проти Ј.И.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Во периодот од 09.01.2019 до 12.01.2019 година пријавениот од возило на А.А. одзел лични документи и банкарска картичка, по што од банкомати во Радовиш повлекол 50.000 денари.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки а вчерашните активности во делот на сообраќајните правила и прописи извршиле контрола на 389 возачи, при што е утврдено дека шестмина возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, четворица возачи не користеле сигурносен појас, а 19 возачи управувале со брзина поголема од дозволената. Под дејство на алкохол бил еден возач, кој е исклучен од сообракај, а четворица возачи се санкионирани затоа што зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Исто така во вчерашните сообраќајно-контролни активности спроведени на подрачјето на СВР Тетово биле откриени и законски санкционирани 25 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина и на кои им биле изготвени исто толку мандатни платни налози. Покрај ова, на тетовското подрачје откриени се и шестмина возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, четворица биле возачи почетници и 11 возачи кои непрописно ги паркирале нивните возила. За сите прекршоци поднесени се прекршочни и мандатни платни налози, како и писмени предупредувања. цр/

Back to top button
Close