НекатегоризираноХроникаХроника.Портал

МВР-билтен (ДПЛ)

На 19 мај 2019 година во 00:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23:30 на 18 мај 2019 до 00:10 часот на 19 мај 2019 година 15-годишно момче од Скопје било физички нападнато од поголема група непознати лица. Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кејот на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје, 19 мај 2019 (МИА) На 19 мај 2019 година во 00:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23:30 на 18 мај 2019 до 00:10 часот на 19 мај 2019 година 15-годишно момче од Скопје било физички нападнато од поголема група непознати лица. Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кејот на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 19 мај 2019 година во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје, А.Г.(37) од Скопје бил физички нападнат од В.Н. и три непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 18 мај 2019 година околу 04.50 часот во СВР Скопје, П.С.(19) од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од И.Ц.(30) од с.Тромеѓа, кумановско- обезбедување во дискотеката. Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „Ауди“, до кое тие застанале. Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето. Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18 мај 2019 година во 04.50 часот во Полициското одделение Петровец, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека во населба Илинден бил физички нападнат од непознато лице. Според пријавеното, А.Ј. со такси возило возел две лица до населба Илинден и кога им рекол дека треба да платат тие излегле од возилото и почнале да бегаат, по што едно од лицата се вратило и физички го нападнало. По преземени мерки било пронајдено и приведено лицето А.С.(17) од с.Текија. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и по член 9 став 1 од Закон за лични карти.

На 18 мај 2019 година во 13.50 часот во Полициската станица Центар, И.С.(18) од Скопје пријавил дека на 17 мај 2019 година околу 03.00 часот во ноќен клуб на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18 мај 2019 година во 03.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(41) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на 17 мај 2019 година околу 17.00 часот на бул.„Трета Македонска Бригада“ неговиот малолетен син и тројца негови другари биле физички нападнати од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18 мај 2019 година во 15.45 часот во Полициската станица Центар, Б.П.(56) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.15 часот пред менувачница во која работел на ул.„Васил Главинов“ бил физички нападнат од лицето С.Ч., при што се здобил со тешка телесна повреда. Со лицето С.Ч. бил извршен разговор и по целосно документирањена случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18 мај 2019 година во 10.15 часот во Полициската станица Ресен, од Јавната здравствена установа Ресен било пријавено дека во куќата на П.Х. од с.Јанковец била пронајдена почината В.К.(55) од с.Јанковец. Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со сопственикот на куќата и нејзиониот сопруг К.К.. Според нивните изјави, на 17 мај 2019 година во вечерните часови сите заедно отишле во куќата на П.Х. и околу 22.30 и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

На 18 мај 2019 година во СВР Штип, Е.Ј.(31) од Штип пријавила дека истиот ден околу 02.00 часот од домот се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18 мај 2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.С.(48) од Скопје пријавил дека на 16 мај 2019 година околу 19.00 часот, 14-годишно девојче, на кое тој и е очув, заминало од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18 мај 2019 година во Полициската станица Драчево, Т.Ѓ.(75) од Скопје пријавил дека на 17 мај 2019 година во периодот од 18.30 до 23.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9мм, пиштол „ТТ М-57“ калибар 7,62мм со една рамка и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close