ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 18 мај 2019 година во 02.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на И.В.(42) од Скопје. Притоа, целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а опожарена била и задната страна на патничко возило „Волво“, сопственост на Г.Н. од Скопје. Пожарот бил изгаснат во 04.00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје, 18 мај 2019 (МИА) На 18 мај 2019 година во 02.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на И.В.(42) од Скопје. Притоа, целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а опожарена била и задната страна на патничко возило „Волво“, сопственост на Г.Н. од Скопје. Пожарот бил изгаснат во 04.00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 18 мај 2019 година во 01.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во с.Брештани, дебарско, настанал пожар во патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Ѓ.И од Струга. Во пожарот бил опожарен предниот дел од возилото. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Денеска во 10.00 часот во кругот на МВР – делот кај бензинската пумпа, од засега непознати причини, настанал пожар на полициско возило „Пинц Гауер“. Од полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

На 17 мај 2019 година во 18.15 часот на автопатот Скопје-Велес, на наплатната станица „Сопот“, влекач „Ивеко“ со косовски регистарски ознаки и полуприколка „Коегел“, управуван од А.О.(58) од Република Турција, удрил во електронска пластична флуоресцентна рампа, при што ја оштетил. Увид извршила екипа од СВР Велес.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 4 април 2019 година на социјалната мрежа ,,Фејсбук”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.

На 17 мај 2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ж.С.(45) од Македонски Брод пријавил дека истиот ден во 18.40 часот на влез од супермаркет на ул.,,Маршал Тито’’ бил физички нападнат од лицето И.Т. од Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17 мај 2019 година околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин Манџуковски“ двајца 15-годишници од село Арачиново и село Сингелиќ биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17 мај 2019 година во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години биле физички нападнати од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17мај  2018 година во 17.55 часот во Полициската станица Центар, Д.Л.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот во работилница на ул. „Мирче Мацан“ бил физички нападнат од лицето З.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17 мај 2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Џ.Џ.(18) од Скопје, штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот во дворот на домот бил физички нападнат од лицето В.А.(20), исто така, штитеник на домот. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 17 мај 2019 година околу 10.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во дворното место од семејната куќа на Д.А. и Н.А. на ул.„Караорман“ во Гевгелија бил пронајден починат И.Т.(78) од село Русиново, татко на Н.А., без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 17 мај 2019 година во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден во 18.30 часот на ул.„Зендел Џемаил“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата рака.

На 17 мај 2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Д.Т.(48) од с.Ињево, радовишко, пријавила дека во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш била касната од куче-скитник во пределот на левата нога.

Back to top button
Close