0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен (ДПЛ)

Синоќа во 21:50 часот во Полициската станица Штип Ѓ.А.(35) од Штип пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на улицата „11-ти Конгрес“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Скопје, 1 мај 2019 (МИА) – Синоќа во 21:50 часот во Полициската станица Штип Ѓ.А.(35) од Штип пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на улицата „11-ти Конгрес“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Вчера во 12:00 часот во Полициското одделение Јегуновце Ф.Ј.(60) од село Шемшово пријавил дека истиот ден околу 06:15 часот во село Шемшово бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера во 12:00 часот во село Сарај-скопско од страна на полициски службеници лишено било од слобода лицето Љ.А.(39) од село Грчец-скопско поради распишана потерница од 31.01.2019 година.

Вчера во 12:45 часот во Полициската станица Крушево Б.Б.(58) пријавил дека истиот ден во утринските часови во манастирот „Св.Ѓоргија“ во село Бучин била извршена тешка кражба од страна на непознати лица, кои одзеле околу 8.000 денари. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.

Во СВР-Скопје вчера во 13:45 часот Д.Т.(22) пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Благоја Стефковски“ бил физички нападнат од Д.Н. и С.Н. со кои се познавал од порано. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера вo 10:00 часот во СВР-Тетово А.Ѓ.(39) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 09:00 часот пред основното училиште „Гоце Делчев“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14:00 часот во полициска станица М.Ј. од Скопје пријавила дека нејзината 14-годишна ќерка се оддалечила од домот и има сознанија дека е кај роднини во Скопје. Лицето и претходно неколку пати се оддалечувало од домот и се враќало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје Т.Т.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:20 часот на улицата „Втора Македонска бригада“ во училишниот двор од основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во периодот од 02:10 до 03:00 часот, пред хотел во Стар Дојран, дошло до физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, а бил употребен и нож. З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди и им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија. Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица. Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот. дма/

Back to top button
Close