ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На локалниот пат во село Пирок, тетовско, вчера во 11.30 часот товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие. Од ударот О.М. починал на местото.

Скопје, 21 мај 2019 (МИА)На локалниот пат во село Пирок, тетовско, вчера во 11.30 часот товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие. Од ударот О.М. починал на местото.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На магистралниот пат Охрид-Кичево, во село Добреноец, вчера околу 13.50 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(58) од село Лавчани, кичевско и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од Кичево.

На местото на несреќата починал возачот Ј.С. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево. Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид (во двата правци) бил во прекин од 13.50 до 15.20 часот.

Вчера попладне во село Кадино, скопско, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од село Кадино, удрило во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија.

Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, вчера патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од  село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Синоќа во 18:30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел.

Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Во Полициската станица Центар, Р.Т.(48) од Скопје вчера биле пријавени две каснувања од кучиња скитници. Р.Т. (48) во 14 часот пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. Истиот ден во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.В.(31) од Скопје исто така пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. сст/

Back to top button
Close