ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

Вчера околу 9:30 часот на локалниот пат за село Дреново, кавадаречко, патничко возило „Шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц. П. (56) од село Дреново, излетало од патот.

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Вчера околу 9:30 часот на локалниот пат за село Дреново, кавадаречко, патничко возило „Шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц. П. (56) од село Дреново, излетало од патот.

Како што информира МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц. П. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

Вчера околу 19:00 часот, на земјен пат кон тетовското село Доброште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево забележале возило – џип марка “УАЗ“, со тетовски регистарски таблички управувано од А. А. (61) од Добриште при што дале знак за запирање на возило. Возилото не застанало, продолжило со движење и се обидело да удри во полициските службеници. Тие успеале да се тргнат настрана, при што испукале предупредувачки куршум во воздух. Возилото побегнало од местото, но по преземени мерки, подоцна било пронајдено, натоварено со огревни дрва. Исто така, бил пронајден и А. А., кој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Полициската станица Охрид вчера во 5:33 часот било пријавено дека Н. Т. (26) од Република Србија паднал од тераса во хотел во Охрид. Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 12:00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека 16-годишен албански државјанин паднал од тераса од висина од над шест метри и се здобил со тешки телесни повреди. Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчисрување на случајот.

Во Полициската станица Кавадарци вчера А. Л. (30) од Кавадарци пријави дека истиот ден околу 11:00 часот на улица „Димче Мирчев“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера во 19:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во забавниот парк пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, помеѓу булевар „8-ми Септември“ и булевар „Илинден“, четири непознати лица извршиле разбојништво врз 17-годишник од Германија и 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, сторителите со закана им одзеле два мобилни телефони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А. Х. (29) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 14. 05. 2019 година во село Неготино, гостиварско, во напуштена куќа, пријавениот физички го нападнал Ф. П. (46) од Република Албанија и му нанел тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М. В. (60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03. 03. 2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И. П. (45) од Делчево поради постоење основи на сомнение за  сторено  кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Во текот на 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за сервисирање на улично осветлување со две физички лица од Пехчево, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 76.000 денари на штета на буџетот на општина Пехчево.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С. А. (28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18. 05. 2018 година околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д. К. (34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 30. 11. 2018 година на магистралниот пат Кичево-Гостивар полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, управувано од пријавениот, како и преглед над пријавениот, при што пронашле и одземени марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш. С. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02. 08. 2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. С. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.12.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина пиротехнички средства.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В. Д. (57) и М. П. (27), двајцата од село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2018 година во Охрид, кај место викано “Сливови анови”, полициски службеници извршиле преглед на возило во кое биле пријавените, при што пронашле и одзеле ловна пушка со два куршуми, за коишто не поседувале соодветна дозвола. аа/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close