0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Момчето со изгореници од струен удар сместено во болницата Пирогов во Софија

Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 25 мај 2019 (МИА) – Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници, соопшти Министерството за здравство.

За транспорт на пациентот, беше обезбедено санитетско возило по сите стандарди, згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.

Од Министесртвото за здавство информираат дека на располагање беа и хелихоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош, а за да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија.

-Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи се активираа веднаш и направија сѐ да му се помогне и да се спаси неговиот живот. Голема благодарност до Република Бугарија, кои веднаш прифатија лекување и обезбедија место за момчето, стои во соопштението. вг/

Фото: МИА архива

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close