ОстанатоРезултати

Младост прв финалист во државното пинг-понг првенство

Екипата на Младост од Прилеп е прв финалист во македонскиот пингпонгарски шампионат.

Прилеп, 13 мај 2019 (МИА) – Екипата на Младост од Прилеп е прв финалист во македонскиот пингпонгарски шампионат.

Прилепчани во полуфиналето го елиминираа Телеком НЕЦ со 2-1 во победи.

Првата средба меѓу овие две екипи се одигра во саботата во Скопје во кој Прилепчани беа поуспешни со 4:3. Втората и третата средба се одиграа во Прилеп. Втората средба убедливо ја добија скопјани со 4:1, додека третата средба која донесе неизвесност исто како и првиот натпревар во Скопје ја добија играчите на прилепски Младост со 4:3.

Младост во финалето го очекува победникот од натпреварот помеѓу Вардар и Младост 96. зс/

Таг
Back to top button
Close