0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Министерот Музафер Бајрам во работна посета на Општина Берово

Министерот без ресор, Музафер Бајрам денеска престојуваше во работна посета на Општина Берово, при што на средбата со градоначалникот Звонко Пекевски разговараше за проблемите на Ромската заедница во оваа општина и можностите за нивно решавање. Најголем акцент беше ставен на проблемите кои ги имаат жителите во таканареченото Ромско маало во Берово.

Берово, 15 мај 2019 (МИА) – Министерот без ресор, Музафер Бајрам денеска престојуваше во работна посета на Општина Берово, при што на средбата со градоначалникот Звонко Пекевски разговараше за проблемите на Ромската заедница во оваа општина и можностите за нивно решавање. Најголем акцент беше ставен на проблемите кои ги имаат жителите во таканареченото Ромско маало во Берово.
– Со градоначалникот на Берово при посетата на Ромското маало ги согледавме состојбите со улиците и потребите од решавање на проблемите во водоводната и мрежата за отпадни води. Во согласност со законските прописи и надлежностите на локалната самоуправа, а во соработка со Владата и ресорните министерства најавуваме преземање на најитни мерки за изработка на проекти од инфраструктурен карактер што ќе се реализираат како дел од Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во државата и стратешките документи за подобрување на условите на живеење на Ромите во Општина Берово, истакна Бајрам.
На средбата на која присуствуваше и локалниот асистент на Министерството за транспорт и врски, Фирдеска Зекирова, беа донесени конкретни заклучоци за можноста за решавање и делување од двете страни во повеќе сфери, меѓу кои првенствено во подобрување на условите за живот во инсфраструктурната сфера и домувањето.
По завршувањето на работниот состанок со претставници од Ромската заедница од Берово, беше одржана работна средба во салата за состаноци, каде директно беа пренесени проблемите со кои се соочуваат Ромите од сите сфери на живеење. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close