0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Милвоки поведе во финалната серија на Истокот

Кошаркарите на Милвоки бакс беа поуспешни од Торонто репторс во првиот дуел од конференциското финале во НБА плејофот. „Бакс“ ноќеска славеа победа со 108:100 и водат со 1-0 во серијата прв до четири победи.

Милвоки, 16 мај 2019 (МИА) – Кошаркарите на Милвоки бакс беа поуспешни од Торонто репторс во првиот дуел од конференциското финале во НБА плејофот. „Бакс“ ноќеска славеа победа со 108:100 и водат со 1-0 во серијата прв до четири победи.

Торонто во најголемиот дел од натпреварот беше во водство, но домаќините со подобра игра во финишот успеаја последната четвртина да ја завршат со 32:17 за конечен триумф.

Најзаслужен за победата на домаќините е Брук Лопез кој имаше дабл-дабл ефект со 29 поени и 11 скока.

Двоен ефект имаше и Јанис Адетокумбо – 24 поени и 14 скока.

Во поразениот тим најефикасни беа Кавај Ленард со 31 и Кајл Лаури со 30 постигнати коша.

Следниот натпревар од серијата се игра ноќта меѓу петок и сабота исто така на теренот на Милвоки. зс/

Таг
Back to top button
Close