0_Македонија.ПорталДописници МКД

Мицевски ги прими првонаградените средношколци од државните натпревари

Учениците од средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Крива Паланка и нивните ментори кои изминатата недела освоија први места на државните училишни натревари денеска беа на прием кај градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Крива Паланка, 13 мај 2019 (МИА) – Учениците од средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, Крива Паланка и нивните ментори кои изминатата недела освоија први места на државните училишни натревари денеска беа на прием кај градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Мицевски им ги честиташе освоените државни награди на учениците и менторите.
-Овие успеси претставуваат вистинска гордост како за наставниот кадар, така и за општината, а за учениците нека бидат стимул за поголеми успеси во нивното понатамошно стручно усовршување и школување, порача Мицевски.
Ученичката Бојана Спасовска под менторство на професорката Жаклина Цековска, го освои првото место на државниот натпревар по македонски јазик и литература, одржан во сабота, во Велес. На државниот натпревар по социологија, одржан на 11 мај на Филозофскиот факултет во Скопје, ученичката од втора година, Глорија Стојковска под менторство на професорката Татјана Филиповска исто така освои прво место. На државниот натпревар по англиски јазик, оддржан истиот ден, ученичката Евгенија Николовска под менторство на професорката Ивана Станковска, го освои трето место, а Андреј Цветковски на државниот натпревар во роботика – ROBOMAC JUNIOR, одржан на Електротехничкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката Драгана Стојановска го освои второто место.
Забележителни се резултатите и на учениците  од електротехничка струка од гимназијата, кои учествуваа на 38–те државни натпревари за ученици од електротехнички, машински и сообраќајни училишта, во Битола на почетокот на месец мај и освоија следните награди:Александар Митовски од електротехничка струка, 3-то место на натпреварот и Андреј Цветковски и Давор Стојановски од четврта година електротехничка струка со трудот игра „Скочко“ која беше изработена во програмскиот јазик Delphi, добија пофалница. ид/вг/

Back to top button
Close