МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

11:30/15 мај 2019

11:30/15 мај 2019

– Бранот врнежи што ја зафати земјава е добредојден за земјоделството зашто го надополни недостигот на влага во почвата, но „удри“ по пчеларството. Го оневозможи развојот на пчелните семејства кој е најинтезивен сега, сведувајќи го на минимум излегувањето на пчелите од пчелните сандаци и собирањето нектар.

– Во присуство на писатели, поети и литературни критичари во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден беше отворена јубилејната 20-та литературна манифестација „Илинден 2019“.

– Монетарната поставеност соодветна на постојните економски и финансиски услови, а економските фундаменти се здрави и без присуство на нерамнотежи во економијата, заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на својата редовна седница.

– Најмногу, вкупно 36 литри на метар квадратен, наврнале изминатите 24 часа во Ѓуриште, а најмалку, два литра, во Дојран.

– Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.

– До крајот на декември ќе потечат првите количини гас преку Турски поток, најави заменикот на извршниот директор на Газпром, Олег Аксјутин.

– Шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комисија ќе учествуваат во дебата која вечерва ќе се емитува во живо од Европскиот парламент во Брисел преку Евровизија.

– Јужна Кореја верува дека недостигот на храна во Северна Кореја се уште е сериозен и оти на земјата и е потребна странска помош, и покрај медиумските извештаи дека цените на оризот паднале, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи.

– Кијану Ривс вчера ги овековечи отпечатоците од своите дланки и нозе во цемент пред ТЦЛ Кинескиот театар во Лос Анџелес.

 

Back to top button
Close