Најава на настани

МИА најави – свет

Брисел - Средба на министрите на земјите членки на ЕУ одговорни за образование, млади, култура и спорт. Лондон - Британската премиерка Тереза Меј ќе одговара на пратенички прашања во Парламентот.

22 мај 2019 (МИА)

Брисел – Средба на министрите на земјите членки на ЕУ одговорни за образование, млади, култура и спорт.

Лондон – Британската премиерка Тереза Меј ќе одговара на пратенички прашања во Парламентот.

Берлин – Министрите за надворешни работи на Португалија и на Словенија, Аугусто Сантош Силва и Миро Церар во посета на Германија.

Џакарта – Објавување на официјалните резултати од претседателските избори во Индонезија, на кои победи актуелниот претседател Џоко Видодо.

Бангкок – Конститутивна седница на новоизбраниот Парламент на Тајланд.

Вашингтон – Сослушување на американскиот министер за финансии Стивен Мнучин пред Конгресот.

Back to top button
Close