Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

16 мај 2019

16 мај 2019

Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе го прими неговото височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на државава. (вила „Водно“, сниматели и фоторепортери /9:00)

Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе го прими претседателот на Владата на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев (Вила Водно /16:15, сниматели и фоторепортери во 15:50 часот)

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 97., 94. и 91. седница. (сала „Македонија“/11:00, 11:20 и 11:30)

Скопје –  Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала 4/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/10:30)

Струга – Премиерот Зоран Заев ќе го отвори Македонски енергетски форум 2019  – „Енергертска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“, а во панел дискусиите ќе учествуваат заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши. (х. „Изгрев“/10:30)

Битола – Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и со министрите за образование и наука и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче ќе учествуваат на меѓународната научно – стручна конференција, „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“ (х. „Капри“/13:00)

Тетово – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе го промовира конкурсот на СЕП „Со европско знаење до европската престолнина“.  (Правен факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа/10:00)

Скопје – Министерот за економија, Крешник Бектеши ќе учествува на Бизнис форумот за жени претприемачи од Западен Балкан. (х. „Дабл три Хилтон“/16:00)

Охрид – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерката за земјоделство, шумарство и прехрана на Република Словенија, Александра Пивец, ќе се обратат на настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на пчелата. (Основно училиште „Братство Eдинство“/9:00)

Битола – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на „Ден на фармери рекордери на Бимилк“. (Винарија Чифлик, изјави за медиумите/12:30)

Скопје – Директорoт на Директоратот за Европска Унија, Бети Јачева ќе ја отвори 14. годишна меѓународна конференција за европски интеграции на тема „Иновирајќи ја Европа”, што ја организира Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот на Рим „Тор Вергата“. (простории на МНР/9:15)

Скопје – Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска ќе учествува со свое излагање на конференцијата на тема „Како да го зазелениме урбанизмот?“. (х. „Холидеј Ин“/12:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа, на која ќе информираат за одлуките од 135-та седница. (Медија центар на Владата/12:00)

Скопје – Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, ќе одржи форум на тема „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“. (х. „Александар Палас“/11:00)

Скопје – Стопанска Комора на Македонија организира меѓународна конференција на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“.(простории на Стопанска комора на Македонија, сала 4, кат 5/11:00)

Скопје – Експертскиот Институт за набавки и снабдување од Велика Британија ќе додели меѓународен Сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки на ЈП за Државни патишта. (ЈП за државни патишта/10:00)

Скопје – Академска дискусија „Предизвиците на Република Северна Македонија пред и по членството во НАТО“ и промоција на универзитетски публикации за безбедноста. (Порта Македонија/11:30)

Скопје – Свечено одбележување на 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски.(амфитеатар на МАНУ/12:00)

Битола – Научна конференција по повод сто години од потпишувањето на Версајскиот договор.(НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/10:00)

Скопје – Промоција на книгата „Основи на персонологија 1 и 2“ од професор Благоја Јанаков. ( Свечена сала на Филозофскиот факултет/15:00)

Скопје – Премиера на современата комедија „Мој термин“ во режија на Синиша Евтимов. (мала сцена во Македонски народен театар/20:00)

Скопје – Симфониски концерт „По патот на Фаринели“ под диригентство на маестро Борјан Цанев. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Книга за Анте“ од Кристина Николовска. (Салон 19:19/19:19)

Скопје – Изложба на фотографии „Јапонија“ на Дејан Колевски. (НЛБ Галерија/20:00)

Скопје – Самостојна изложба на слики на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов. (Дом на културата „Илинден“/19:00)

________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close