Најава на настани

МИА Најави – МКД 

27 мај 2019

27 мај 2019 

Скопје – Собранието треба да ги одржи 100. седница (11:00), 94. седница (11:20), 98. седница (11:30) и 66.седница (11:40).

Скопје – Собраниска Комисија за европски прашања. (сала 4/ 10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала 4/ 14:00)

Љубљана – Премиерот Зоран Заев во официјална посета на Република Словенија.

Будимпешта – Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во работна посета на Република Унгарија.

Куманово – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, ќе извршат увид во реконструкција на регионалниот пат Куманово-Опае.(изјави за медиуми на регионален пат Куманово-Опае/10:30)

Скопје – Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе ги презентира 16-те одобрени проекти на грантовата шема за инвестициски и иновативни проекти, поддржани од Владата, ресорното министерство и швајцарската агенција за соработка и развој. (х.„Мериот“/ 10:00)

Кочани – Трета дискусија за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“.(Општина Кочани, 11:00/изјави 10:45 пред општинската зграда) 

Струга/Охрид – Евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ја посети Струга како дел од патувачкиот ЕУ автобус, а во Охрид ќе го објави почетокот на новата кампања под брендот „ЕУ за тебе“. (изјава на амбасадорот Жбогар во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид/ 15:45)

Скопје – Стопанската комора на Македонија организира прес-конференција на тема „Како до остварување на целите за енергетска ефикасност, согласно Стратегијата Европа 2020“. (Стопанска комора/ 11:00)

Скопје – Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), организира прес- конференција по повод претстојното Собрание на Институтот (Институт на сметководители и овластени сметководители/ 11:30)

Скопје – Прес-конференција на Грански независен синдикат на полиција (НСЗПА). (пред Министерство за правда/ 12:00)

Тетово – Ромски Ресурсен Центар во соработка со АДРР Сонце Тетово ќе го промовира Локалните координативни тела формирани во рамки на ROMACTED програмата задолжени за имплементација на локалните акциски планови од Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите. (х.„Лираку“/ 12:00)

Кочани – Почнува Драмскиот аматерски фестивал -ДАФ, кој одбележува 60 години од своето постоење. (Центар за култура Бели мугри/ 20:00)

Скопје – Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Институтот за педагогија на Филозофски факултет при УКИМ ќе одржат бесплатни обуки на тема: „Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците“. (големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет/ 09:00)

Скопје – Промоција на книгата „Скриениот херој во секое дете“ во организација на ГО „Новинари за човекови права“. (ЕУ Инфо центар/ 11:00)

Скопје – Прва изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентерирер. (Музеј на Град Скопје/ 20:00)

Скопје – Словенечката писателка Маша Огризек ќе гостува во Скопје, во организација на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Министерството за култура, Литература.мк и НУ Музеј Тетово.

___________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close