Најава на настани

МИА Најави МКД

25 мај 2019

25 мај 2019

Дебар – Презентација на дел од опремата на Министерството за внатрешни работи и изведба на неколку тактичко показни вежби од страна на единиците на МВР во рамки на активностите по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција. (Во дворот на ООУ „Пенестиа“/12:00; медиумите да пристигнат најдоцна до 11:45)

Скопје – Ифтарска вечера во организација на Меѓународниот балкански универзитет и Сојузот на турски невладини организации во Република Северна Македонија, под поковителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје. (Кампус на Меѓународниот балкански универзитет на улица „Македонско-косовска бригада“ бб/19:30)

Тетово – Акција за чистење смет во близина на хотелот „Попова Шапка“, трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите“, натпревар за брзо местење шатори и изложба во рамките на традиционалното искачување на Титов Врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово. (Попова Шапка) 

Скопје – Концертна промоција на новиот албум МОМОМА на Фолтин. (Клуб Кабрио/21:00)

 ___________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close