Најава на настани

МИА Најави МКД

22 мај 2019

22 мај 2019

Скопје – Собрание на Република Северна Македонија ќе ја одржи 99-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/10:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на конференција „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации” во организација на група граѓански организации. (х.Холидеј ин/10:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на настанот „Цели за одржлив развој: јавна расправа за квалитетно образование“. (Влада/17:00/изјави за медиуми 16:50 во холот пред свечената сала)

Скопје – Министерството за финансии, во рамки на економскиот дијалог на ЕУ со земјите од Западен Балкан и Турција организира конференција со цел да се дискутира подготовката на „Програмата за економски реформи 2020-2022“.(х.Мериот/11:00)

Кочани – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе изврши увид во изградба на пречистителна станица во општина Чешиново-Облешево. (с.Спанчево, изјави за медиуми/11:00)

Скопје – Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе се обрати промоцијата на двата најзначајни национални документи во областа природа – Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност (2018-2023на настанот по повод одбележување на 22 Мај – Светски ден на биолошката разновидност. (х. „Александар Палас/11:30)

Скопје – Прес-конференцијата на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа кој ќе информира за одлуките од 136-та седница.(Медија центар на Владата/12:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 17 седница. (ДКСК/10:30)

Кавадарци – Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ и вработените во ЈП Македонски шуми ќе одржат обука и тактичко показна вежба. (Реон на висорамнина Витачево/9:00)

Скопје – Научно-стручна расправа на тема „Институционална поддршка на регионалниот развој во Република Северна Македонија – со посебен осврт на центрите за развој на планските региони“. (УКИМ, простории на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања/12:00)

Скопје – Промоција на публикација на Здружението на судиите насловена „Правна анализа на стандардите за судска етика“. (Простории на Здружението на судиите“/13:00)

Скопје – Трибина на тема „Предизвици во обезбедувањето на квалитетно инклузивно образование“ во организација на Демократска обнова на Македонија-ДОМ. (х.„Солун“/12:00)

Битола – Јавна дебата во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“ во организација на CARE Германија. (х.„Театар“/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција. (СУГС „Марија Кири Склодовска“/12:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилоевски ќе присуствува на завршната презентација на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“. (Парк пред Општина Бутел/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (Пред МВР/12:00)

Скопје – Предавање на тема „Администрација на естетика“ во организација на Локомотива-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. (Кино Култура/19:30)

Тетово – Советување на тема „Како да се намали перинаталниот морбидитет и морталитет кај новороденчињата“. (х. Меркур/18:00)

Скопје – Манифестација „Цртање на асфалт“ во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош. (Градски парк, кај споменикокт на Гоце Делчев/10.30)

Скопје – Чествување на Гане Тодоровски. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Спомен соба/12:00) 

Скопје – Промоција на книгата „Македонија искон и вечност“ од група автори од Македонскиот манифест. (Македонски музеј на револуционерната броба/19:30)

Скопје – Завршен дел од литературната манифестација – фестивалот на поезија за деца СТИХУВАЛКИ 2019. (КИЦ/18:00)

Скопје – Во рамки на 47.Мајски оперски вечери ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close