Најава на настани

МИА Најави – МКД

21 мај 2019

21 мај 2019

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 98-та седница (11:00) и седница број 93 (11:20)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 10/13:00)

Скопје – Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на Собранието на Република Северна Македонија, ќе оствари работна посета во просториите на Министерство за одбрана, Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во рамки на остварувањето на своите надлежности за надзор над посебните истражни мерки за следење на комуникациите. (11:00)

Скопје – Прва јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ на која ќе учествуваат и ќе се обратат претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска и Алберт Муслиу, прв извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи. (Клуб на пратеници/10:30)

Скопје – Учество и обраќање на премиерот Зоран Заев по повод Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. (Клуб на пратеници/19:00)

Скопје – Претседателот на Владата Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на Свечената академија по повод 70-годишнината од основањето на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и одбележување на патрониот ден. (Национална филхармонија /20:00)

Скопје – Одбележување на 70-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележување на Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот. (Универзитетски кампус/10:00)

– Молебен посветен на светите браќа Кирил и Методиј-со молебенот ќе чиноначалствува Неговото блаженство г.г.Стефан, архиепископот охридски и македонски.

– Владина делегација составена од министерот за здравство Венко Филипче, Зорица Апостолска министерка без ресор за странски инвестиции и државниот секретар за образование и наука Енвер Хусеин ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј на Универзитетскиот кампус.

– Положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј.

– Промоција на монографијата Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје 1949-2019.

Скопје – Бизнис форум „Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на конкурентноста на националната економија“. (х.„Арка“/10:00)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ќе одржи подготвителна седница. (РКЕ/10:30)

Скопје –  Град Скопје ќе ја одржи 33. седница на Советот (Град Скопје/12:00)

Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 22 седница. (АВМУ/15:00)

Гостивар – Општина Гостивар и претставници на Европскиот универзитет ќе потпишат Меморандум за соработка. (Општина Гостивар/13:00)

Скопје – Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и менаџерот на Меѓународното училиште „Нова“ ќе одржат прес-конференција. (Пред Меѓународното училиште „Нова“,ул.„Прашка“/11:00)

Велес – Креативна работилница „Заеднички против насилство“ во организација на ЦИВИЛ. (ОУД „Лазар Лазаревски“/12:00)

Охрид – Прес-конференција на која ќе бидат презентирани информации за второто издание на настанот ГАСТРО ТУРА 2019 во организација на Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство и Туристичкиот кластер ЕДЕН. (х.„СУ“/11:00)

Битола – Промоција на Зборникот песни „Битола во стиховите на младите автори“ на ученици од основните и средните училишта во Битола. (НУУБ „Св.Климент Охридски“/12:00)

Скопје – Промоција на едицијата „Лесно читливи лектири“. (ГТЦ приземје, локал „Амбрела“/11:00)

Белград – Поетско читање на денови на македонска култура во организација на Здружението на Македонци во Србија. (Културна установа Параброд/19:00)

Скопје – Отворање изложба на фотографии „FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на македонскиот фотограф Александар Кондев. (Национална галерија на РСМ, објект „Мала станица“/20:00)

Скопје – Годишна изложба на основни училишта „Динка и јас“. (Даут пашин амам/13:00)

Скопје – Отворање на изложбата Celebrate Life/ себе – промена на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде. (Мобилна/Монтажна галерија на Центар за современи уметности, Парк на Франкофонијата/18:00) 

Скопје – Отворање на изложбата „Патување по сон“, графики и цртежи од Авни Џ. Бехлули. (ЈУ КИЦ Изложбен салон-Империјал 1/20:00)

Скопје – Проекција на документарниот филм „Граѓанин Европа“ во режија на Ангелики Аристомонопулу и Андреас Апостолидис. (Филолошкиот факултет во амфитеатар 3/14:00)

Скопје – Авалон Продукција ќе одржи прес-конференција по повод претстојниот концерт на легендарниот STING. (х.„Парк“ /11:00)

Бања Лука – Професорите од ФМУ во Скопје Страшо Темков-флејта и Марија Вешкова-Пијано ќе одржат концерт. (Културен центар Бански двор)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close