Најава на настани

МИА Најави МКД

18 мај 2019

18 мај 2019

Владичин Хан – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе се обрати на свеченото отворање на Коридорот 10 во Република Србија. (Владичин Хан, Република Србија/20:00, пристигнување на медиумите/19:00)
Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со претставници на Атлетската федерација ќе се придружат во трчање на дел од трасата на маратонецот Краси Георгиев, давајќи му подршка во трчање долж Коридорот 8, односно почнувајќи од Република Бугарија, преку Република Северна Македонија до Република Албанија. (на раскрсницата на ул. „Франклин Рузвелт“ и бул.„Партизански одреди“ (пред СЈО) / 9:00) 
Василево – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ќе се сретнат со земјоделци во атарот на селото Пиперево во општина Василево. (11:00, изјава за медиуми во центарот на селото кај спортското игралиште)
Битола – Свечено отворање на нов објект на Факултетот за информатички и комуникациски технологии. (ФИКТ /10:00)
Скопје – Отворање на шестиот Скопски цветен фестивал под мотото „Скопје цвета“  во организација на ЈП „Паркови и зеленило“, а под покровителство на градот, на кое ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. (втор дел од Градскиот парк/12:00) 
-Цветно дефиле со деца од предучилишните установи и основните училишта. (од Собрание на Град Скопје, паркинг простор/11:30)
Скопје Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија со повеќе настани ќе го одбележи 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите и Европската недела на музеите 2019. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/10:00)
Скопје – Осмо издание на „ENGAGE-Конференција за социјален активизам“ во организација на Младински образовен форум и Радио МОФ. (Кино Култура/12:30)
Скопје – Изведба на операта „Риголето“ во рамки на 47. Мајски оперски вечери. (МОБ/20:00)
Скопје – Отворање изложба на цртежи и копии-фрески насловена „Тивкиот Маестро“ на Владимир Деловски-Џиџи. (Музеј на РСМ/19:30)
Скопје – Националната галерија со изложби ќе ги одбележи 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите и Европска ноќ на музеите 2019.  (Мала станица, Даут пашин амам, Чифте амам) 
Скопје – Прв фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје“ во организација на Моментум Инк. (Школка/11:00)
Скопје – Со прикажување на комедијата „Секој проклет Божик“ од Лука Вендрусоло почнува „Неделата на италијанската кинематографија”, фестивал на италијански филм во организација на Италијанската амбасада. (Кинотека/20:00)
Скопје – Меѓународен концерт на слепи изведувачи вокални солисти и инструменталисти. (ДХО „Даре Џамбаз“, свечена концертна сала/19:00)
Битола – Концерт на македонски фолклорни ансамбли. (Центар за култура / 20:00)

___________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close