Најава на настани

МИА Најави МКД

17 мај 2019

17 мај 2019

Скопје – Меѓународниот секретар на данскиот Парламент, Кенет Финсен во посета на Република Северна Македонија.

Средба со пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. (сала на Уставна комисија/11:00-12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала 6/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 10/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала 6/12:00)

Скопје – Седница на Законодавно-правна комисија. (сала 10/13:00)

Скопје – Доделување награда на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на хомофобија, трансфобија и бифобија. (сала „Борис Трајковски“/11:00-13:00)

Виница – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети реконструираниот објект на Полициската станица Виница каде што ќе оствари работна средба со раководството. (12:00)

– Средби со градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, како и со претставници на локалниот совет и советот за превенција. (пред општина Виница изјави за медиуми/ 14:00)

Скопје – Министерот за здравство, Венко Филипче ќе се обрати на одбележувањето на 19 Мај – Денот на семејниот лекар – Семејните доктори се грижат за вас во текот на целиот ваш живот. (амфитеатар на Деканатот на Медицински факултет/12:00)

Скопје – Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе се обрати на Првата меѓународна конференција за патишта. (х. „Холидеј Ин“/9:30, инсерти/9:45, изјави за медиуми/10:00)

Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој организира „Media afterwork“ брифинг со директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и неговиот тим(кафе бар Синдикат/16:00)

Скопје – Брифинг со новинарите ќе одржи Фреек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во врска со Програмата за економски реформи која секоја година ја подготвува Министерството за Финансии, а потоа се врши проценка од институциите на Европската комисија. (ЕУ Инфо Центар/11:30)

Скопје – Прва лабораторија за тестирање на 5G технологијата „5G evolution Laboratory”. (ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии/11:00)

Скопје – Градоначалникот Петре Шилегов ќе присуствува на традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“. (плоштад „Македонија“/11:45, танцот квадрил ќе се одигра/12:00)

Скопје – Проекција на играниот филм „Марио“ по повод одбележувањето на 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата, интерсексизмот и трансфобијата. (кино „Милениум“.20:00)

Скопје – Изложба во Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) на тема „Уметност и архитектура“. (Универзитетски кампус на МБУ, ул. Македонско-косовска бригада бб, кај касарна „Илинден“/17:00)

Битола – Свечена академија „55 години Битолски весник“. (Народен театар/19:00)

Њујорк – Официјално отворање на групна изложба „ПИПЕРКА“. (Галерија на македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA)

_________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close