Најава на настани

МИА Најави МКД

15 мај 2019

15 мај 2019

Скопје – Претседателот на НДИ од Вашингтон, Дерек Мичел во посета на Собранието на Република Северна Македонија.

-Средба со Клубот на пратенички. (сала на Уставна комисија/11:00)

-Средба со потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди и генералната секретарка, Цветанка Иванова. (сала на Уставна комисија/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала 4/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 10/12:00)

Скопје – Презентација на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените. (Влада, Свечена сала/10:30; изјави за медиумите на премиерот Зоран Заев, шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која и специјалната советничка за родови прашања Амарсана Дарисурен – пред Свечена сала/10:00)

Скопје – Официјално одбележување на Меѓународниот ден на семејството на кое ќе се обратат претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и Марио Јанчев, директор за развој на програми на СОС Детско село. (Филозофски факултет, амфитеатар 4/13:00-14:00)

Скопје – Панел дискусијата на тема „Бизнис и дипломатија“ на која ќе говори вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. (во просториите на Меѓународен Балкански Универзитет/13:00)

Скопје – Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи ќе одржи средба со студентите и дел од професорите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на која ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“. (Економски факултет при УКИМ, пред почетокот на официјалниот дел од настанот, вицепремиерот Османи ќе има обраќање до медиумите/11:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна 10:50)

Тетово – Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи ќе одржи средба со студентите и дел од професорите од Правниот факултет при Универзитетот од Тетово, каде ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“. (Универзитет во Тетово)

Битола – Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе го посети реконструираниот објект на СВР Битола каде што ќе оствари работна средба со раководството, а потоа во рамки на посетата се планирани и средби со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како и со претставници на локалниот совет и советот за превенција. (11:00, изјави за медиумите пред општина Битола/13:00)

Скопје – Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор. (пред н.м. Таор –  на 2 км од клучката од Петровец кон н.м. Таор, изјави за медиумите/10:00)

Скопје – Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и претседателот на Управниот одбор на Акционерското друштво за снабдување со електрична енергија Скопје (ЕВН),  Штефан Петер ќе потпишат Меморандум за соработка. (Медија центар на Владата/12:00).

Скопје – Состанок со Тимот за постапување со деца на улица на кој ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, директорката на Центарот за социјална работа – Скопје, Наташа Станојевиќ и претставници од Црвен крст. (простории во МТСП/12:40)

Скопје – Промоција на Мрежа на социјални претпријатија, на која ќе се обратат министрите за труд и социјална политика и за економија, Мила Царовска и Крешник Бектеши. (х. „Холидеј Ин“/12:30, изјави за медиумите/12:45)

Скопје – Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу  во посета на Унгарија.

Скопје – Работилница за валидација на дизајнот на националниот мониторинг на шумите во организација на Oрганизацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). (МЗШВ, големата сала/9:00)

Охрид – Конгрес за деменции на Светската психијатриска асоцијација во ко-организација на Светската психијатриска асоцијација (World Psychiatric Association-WPA) и Македонската психијатриска асоцијација. (х. „Инекс Горица“/17:30)

Скопје – Прес-конференција по повод церемонијата на потпишување на договор за проектот Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино, на која ќе присуствува францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. (х. „Мериот“, Конгресна сала/11:00)

Скопје – Научно стручна дебата„Одржливиот развој-вистински предизвик за општеството“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Институтот за социолошки и политичко правни истражувања од Скопје. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/11:00)

Тетово – Официјално отворање на Меѓународниот конгрес за природни науки, здравство и технологија. (во амфитеатарот на Ректоратот на Универзитетот во Тетово/17:00)

Скопје – Кафе-дебата на Европското движење (ЕДМК) на тема: „Културата, уметноста и демократијата“, во рамките на традиционалните активности за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа. (Тренд-кафе, плоштад „Македонија“/11:00-12:30)

Скопје – Прес-конференција на Шпаркасе банка по повод објавувањето на првите старт-ап бизниси кои учествуваа во програмата „Чекор по чекор“, програма за поддршка и развој на нови бизниси во Република Северна Македонија, финансиран од ЕИФ. („Јавна соба“/13:00)

Скопје – Промоција на Асоцијацијата на финансиски друштва (за „брзи кредити“). (ресторан Four, во склоп на хотелот Парк/12:00)

Скопје – Здружението на новинарите на Македонија и канцеларијата на Народниот правобранител ќе потпишат Меморандум за соработка. (во просториите на Народниот правобранител, ул. „Македонија“ бр. 19 –  зграда на Т.Д. „Макошпед“/11:00)

Скопје – ЦИВИЛ организира креативна работилница „Обединети против насилството“ како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“. (Дом на културата „Димитар Влахов“, Автокоманда/12:00) 

Скопје – Во организација на ProjectHub со наслов IMPACT 2019 ќе бидат презентирани 10-те проекти кои се изработуваат во последните шест месеци.(Машински факултет Скопје – во делот пред читалната и холот на главната зграда/14:00)

Скопје – Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството. (пред платото на Капитол мол/18:00)

Скопје – Прес-конференција на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и ТСК „Ритам Плус“ – Скопје по повод одржувањето на манифестацијата „Матурска парада 2019“. (ЕУ Инфо центар/12:00)

Скопје – Во рамките на 47. Мајски оперски вечери ќе се одржи психолошки фасцинантната опера
„Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа. (МОБ/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Во светот на децата“ од Габриела Точко. (Детски креативен центар/18:00)

Скопје – Проекција на филмот „A Snake of June” од циклусот на филмови на Дебатен филмски клуб ЛАЛЕ. (Џебно кино/20:00)
Битола – Прес-конференција на ЦИОФФ – Светска фолклорна организација, состанок во Битола. (Центар за култура, мала сала/10:00)
Битола – Свечено отворање на Државна ликовна изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. (Центар за култура, фоаје/12:00)
Скопје – Избор на претседател на Македонска кошаркарска федерација. (сквер 21/ 12:00)

___________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close