Најава на настани

МИА Најави МКД

14 мај 2019

14 мај 2019

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во официјална посета на Република Австрија.

Скопје – Седница на Законодавно-правна комисија. (сала 4/11:30)

Скопје – Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи ќе присуствува на „Симулација на Европскиот совет од 20-21 јуни“, организирана од студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“. (Универзитет „Мајка Тереза“, кат 6, зграда на Сојуз на синдикати/11:00, изјави на Османи по симулацијата)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев ќе има воведно обраќање на отворањето на Првата регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање. (х. „Хилтон“, конференциска сала „Дијамант“/10:00)

Охрид – Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го отвори 72. состанок на Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика. (х. „Метропол“/12:30)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Здравствен дом Скопје Злате Мехмедовиќ ќе ги презентираат новите возила на Итната медицинска помош. (Поликлиника „Букурешт“/11:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе учествува на PANTHEON конференција на тема „Дигитализација 2019“ во организација на компанијата „Даталаб“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. (х. „Мериот“/10:00)

Скопје – Средба со новинари на Шимон Шинковски вел Сек, заменик министер за надворешни работи на Република Полска и координатор на самитот на Берлинскиот процес во Познан. (х. „Холидеј ин“/10:00)

Скопје – Завршната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Европа, 9 Мај, на која ќе биде доделена Плакета за Европска личност на годината. (х. „Мериот“/20:00-22:00)

Скопје – Церемонија за одбележување на Денот на Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС). (касарна „Илинден“/12:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 11:30)

Скопје – Фонд за иновации и технолошки развој, во соработка со Делегацијата на ЕУ ќе одржи презентација на препораките од студиите на одржливост во рамките на проектот „Начини на јакнење на иновацискиот екосистем“, финансиран преку претпристапните фондови на ЕУ. (х. Парк Хотел&Спа/10:00)

Скопје – Панел „Реформски бенч – мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“, како дел од проектот „Детски болести на демократијата“. (х. „Холидеј Ин“/12:00)

Скопје – Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии ќе одржат завршен брифинг средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“. (Граѓански ресурсен центар, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7, спроти НЛБ/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски свечено ќе ја отвори 20-та јубилејна Литературна манифестација „Илинден 2019“.(Дом на културата „Илинден“/19:00)

-Беседа на проф. Д-р Весна Мојсова – Чепишевска по повод 80 години „Бели мугри“ од Кочо Рацин, промоција на „Бели мугри“ на десет словенски јазици (19:30)

-Музички колаж на Драган Мијалковски. (20:15)

Скопје – Прес-конференција на НУ Театар за деца и младинци по повод премиерата на претставата „Авантурите на Том Соер“, во режија на Дејан Дамјановски, работена по текст на Горјан Милошевски. (фоаје на Театар за деца и младинци/11:00)

Струга – Свечено отворање на патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во организација на Младински образовен форум. (простории на Меѓународниот Универзитет Струга/17:00)

___________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close