Најава на настани

МИА Најави МКД

10 мај 2019

10 мај 2019

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе присуствуваат на свеченото отворање на „Националниот натпревар на ученички компании“ во организација на „Junior Achievement“. (Трговски центар Веро Џамбо/11:00)

Скопје –  Прес-конференција на директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски за најновите чекори кои ги презема институцијата за унапредување на поволностите за граѓаните и за сите корисници на услугите на Централниот регистар. (Централен регистар/12:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 15.седница. (ДКСК/11:00)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ќе одржи подготвителна седница. (РКЕ, изјави за медиуми/10:30)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. (Кеј на реката Вардар зад Воениот стадион во Градски парк/11:00)

Скопје – Работилница на тема „Одржлив енергетски развој-структура, улоги и активности“ во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ, Агенцијата за енергетика на РСМ и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој. (Комора на овластени архитекти и овластени инженери, ТЦ Буњаковец/9:30, изјави за медиуми/10:00)

Скопје – Панел дискусија на тема „Европските интеграции во развојните перспективи на Североистичниот плански регион Куманово“ во организација на Европското движење – ЕДМК и Општина Куманово. (Општина Куманово/12:00)

Скопје – Конференција на тема „Асистивна технологија за дислексија“ во организација на Здружението за дислексија Ајнштајн, Филозофскиот факултет, ИТ компанијата Emit Knowledge и издавачката куќа Арс Ламина. (Филозофски факултет, амфитеатар бр.4/13:15)

Скопје – Научна трибина на тема „Педагогијата денес и утре“ по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24 Мај во организација на Институтот за педагогија при Филозофски факултет. (Филозофски факултет, свечена сала/10:00, изјави за медиуми/9:45)

Скопје – Отворен ден на Универзитетот Американ Колеџ. (12:00-17:00)

Штип – Меѓународен гастрономски фестивал „Cook and Serve 2019“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“. (Дом на културата „Ацо Шопов“/10:30)

Скопје – Отворање на Првиот училишен изложбен саем на машинската и енергетската индустрија во организација на СУГС „ЕМУЦ 8 Септември“. (СУГС „ЕМУЦ 8 Септември“, нас.Автокоманда/11:00)

Крушево – Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје. (х.„Монтана“)

Радовиш – Филмски фестивал за млади „Џифони патува“. (Центар за култура „Ацо Караманов“)

Скопје – Отворање изложба на дизајнирани постери инспирирани од 100-годишнината од Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. (Public Room/11:00)

Скопје – Изложба на олдтајмери и електрични автомобили. (Скопје сити мол)

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close