16:00/9 мај 2019

Скопје – Граѓаните на Република Северна Македонија денес се горди на својот избор, ја избравме иднината, која и припаѓа на Европската унија. Ги избравме Европа и ЕУ, затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме, порача денеска премиерот Зоран Заев во Владата, каде беа одбележани 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, но и 70 години од основањето на Сојузот на НОБ и 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Атина – За народите на Балканот, текот кон Европа е пат во еден правец, а Договорот од Преспа ја истакна посветеноста на Грција за европската перспектива на Југоисточна Европа, вели меѓу другото министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во писмената изјава по повод Денот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Скопје – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека постапката што против него денеска ја покрена Антикорупциската комисија за доделувањето земјиште за хидроцентралата „Тополки“ ќе докаже дека во случајот се е законски и без судир на интереси.

Скопје – Стотина медицински сестри, од кои над 40 од Клиничкиот центар и од големите болници, последнава година заминале во странство или во приватните здравствени установи во државава, каде им се нудат повисоки лични доходи и признавање на нивното високо образование.

Скопје – Со скандирање УЧК, УЧК, карта на голема Албанија и транспаренти, стотина граѓани денеска протестираа пред Кривичниот суд, барајќи, како што наведоа, правда за осудените за тероризам од настаните во кумановско „Диво насеље“.

Скопје – Забрзувањето на евроатлантското интегрирање е еден од позитивните ризици за македонската економија што не се земени предвид во најновите проекции на Народната банка. Централната банка годинава очекува раст на странските директни инвестиции од 3,2 отсто во БДП и 3,5 проценти на среден рок. Смета и дека дополнителен, нов стимул за економијата ќе биде евентуалната реализација на повеќето големи проекти што ги најави Владата.

Рим – Саемот на книги во Торино забрани појавување на италјански издавач поврзан со неонацистичка група по жалба на музејот Аушвиц-Биркенау и на 89-годишна поетеса, која го преживеала холокаустот.

Сибиу – Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска изјави дека избирачкото тело на Европската унија се соочува со сериозни избори, од една страна заедничка европска иднина, а од друга национализмот.

Белград – Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска оцени дека однесувањето на Албанија на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, каде нејзините претставници говореле за укинување на границата со Косово и спојување на три општини од југот од Србија на територијата на Косово, „е безобразие кое заслужува остра реакција на Србија”.

Белград – Во своето обраќање пред лидерите на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, на работниот состанок на кој лидерите на Западниот Балкан, Хрватска, Словенија и ЕУ разговараат за зајакнување на соработката во регионот и приближувањето кон ЕУ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград и Приштина долги години се далеку од можно решение за косовскиот проблем. Тоа, нагласи Вачиќ, е лошо и за српскиот и за албанскиот народ, двата најголеми народи на Балканот.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close