0_Спорт.ПорталФудбал

Меси не ја заслужува „Златната топка“, вели Мурињо

Фудбалерот не можеше да и помогне на Барселона да го надмине полуфиналето, но истовремено речиси сигурно ќе ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец.

Барселона, 17 мај 2019 (МИА) – Жозе Мурињо не мисли дека Лионел Меси треба да ја добие „Златната топка“ оваа година.

– Се сомневам дека ја заслужува наградата, поради неуспехот во Лигата на шампионите, изјави Португалецот во интервју за „Радио Монте Карло“ вечерва.

Фудбалерот не можеше да и помогне на Барселона да го надмине полуфиналето, но истовремено речиси сигурно ќе ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец.

Специјалниот мораше да одговории на прашањето за неговиот последен клуб во Манчестер Јунајтед, нагласувајќи го судирот со Пари Сен Жермен во ЛШ.

– Тешко е да зборувам за клубот со истото расположение и слобода како и за другите. Верувам дека ПСЖ не беше подготвен, за она што се случи. Французите се немаа подготвено сериозно за натпревар од ЛШ, убеди Жозе.

Тој повторно изрази надеж да најде тим следното лето.

– Сакам да бидам дел од проект во јули, кој ми се допаѓа. Имам многу квалитети и еден од нив е да ги почитувам другите клубови и нивните тренери. Никогаш не сум коментирал за работи како: „Овој клуб ме сака, тие ме контактираа“, рече менаџерот.вз

Таг
Back to top button
Close