ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел: Со Макрон имаме различни ставови, но доаѓаме до компромис

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат.

Берлин, 15 мај 2019 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат.

– Секако дека се бориме еден против друг, изјави Меркел за весникот „Зидојче Цајтинг“, коментирајќи ги нејзините односи со Макрон.

Меркел нагласи дека сепак и покрај различните гледања и сфаќања на работите, Берлин и Париз сосема природно се согласуваат за важните прашања. сп/

Таг
Back to top button
Close