Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Меј поднесува оставка на 7 јуни (ДПЛ)

Потегот го презема откако не ги убеди пратениците да го поддржат нејзиниот договор за брегзит.

Лондон, 24 мај 2019 (МИА) – Британската  премиерка Тереза Мај објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на владејачката Конзервативна партија на 7 јуни.

Потегот го презема откако не ги убеди пратениците да го поддржат нејзиниот договор за брегзит.

Меј стана премиер во јули 2016 година.

Таа наглaси дека направила се за да се спроведе брегзит.

– Направив се што можам за да ги убедам пратениците од парламентот да го поддржат тој договор…За жал, не успеав во тоа, нагласи таа.

Процесот за избор на нов лидер ќе почне следната недела.

Меј додаде дека Конзервативната партија ќе им служи на граѓаните во годините кои доаѓаат. Таа ќе остане на функција за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија што траат околу шест недели. Изборната трка ќе почне најверојатно на 10 јуни по посетата на американскиот претседател на Велика Британија. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close