Дописници МКДОпштински вести

Ликовниот уметник Сулејманоски со перформанс за заштита на старата болница во Ростуше

Познатиот ликовен уметник од Ростуше, Адем Сулејманоски, со ликовна интервенција врз оштетена инфраструктура се обидува да го привлече вниманието да се зачува еден од, како што вели, најрепрезантивните објекти, старата болница во Ростуше.

Ростуше, 28 мај 2019 (МИА) – Познатиот ликовен уметник од Ростуше, Адем Сулејманоски, со ликовна интервенција врз оштетена инфраструктура се обидува да го привлече вниманието да се зачува еден од, како што вели, најрепрезантивните објекти, старата болница во Ростуше.

-Објектот на старата болница е изграден во далечната 1929 година како подарок од Кралот на СХС Александар Караѓорѓевиќ за жителите на Реканскиот крај. Исти вакви објекти биле изградени во Македонски Брод, Вратница и Кратово. Старата болница во Ростуше беше последна која опстојуваше и беше во функција до 1980 година, изјави за МИА,Сулејманоски.

Иако имаше разни напори за нејзина ревитализација и пренамена на просторот за граѓаните (во неколку наврати беа обезбедени средства за нејзина санација), додава тој, негрижата и забот на времето го сторија своето.

– Видно оштетен објектот останува потсетник на времето и тажна слика за Ростушани. Дали објектот на болницата ќе дочека подобри времиња или ќе подлегне на забот на времето останува да видиме, нагласува Сулејманоски.

Реализацијата на акцијата, маркирањето на објектот на старата болница во Ростуше е финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.

Ова е негова последователна активност во рамки серијата ленд-артови со еколошка тематика кои авторот ги изработи во рамки на проектот „Лeнд-арт и креативни акции врз оштетена инфраструктура“, по оние „Езеро или пластика“ и „Стоп за малите хидроцентрални“, што истоа така е финанисрани од Фондацијата. вт/аа/

 

Таг
Back to top button
Close