БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Лидерите на грчките партии упатија порака до граѓаните да излезат на гласање

Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаа, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 26 мај 2019 (МИА) – Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаа, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денеска зборот е кај граѓаните. Целосно имам доверба во нивната одлука и сигурен сум дека утре ќе се раздени нов светол ден за нашата татковина, порача лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

-Денеска граѓаните со нивниот глас вртат страница во Европа и во Грција. Ја затвораат вратата на екстремната десница и на популизам и го отвораат патот за прогресивни разврски во нашата земја, рече претседателката на Движењето на промени, Фофи Генимата, откако го оствари своето право на глас.

-Сакам да испратам порака, особено до младите луѓе. За да се родиме, сперматозоидот не се колебаше, отиде напред. Не остана да гледа што прават другите. Тргна и на крај успеа. Одлучи се, не останувај назад, гласај, порача лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис.

-Денеска е празник за демократијата. Посакувам да бидат избрани најспособните, највредните и воглавно, најчесните. И да запамети грчкиот народ, граѓаните кои денес ќе гласаат, ќе треба, особено за Европскиот Парламент, да изберат луѓе кои сакаат да ѝ служат на Грција, а не Грција да им служи нив, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос. ср/ир/

 

 

Back to top button
Close